Дел од корисниците во општина Гази Баба денеска ќе останат без електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија.
Прекинот е најавен во периодот од 05:00 до 15:00 часот.
Без струја ќе бидат дел од корисниците од булеварот „Александар Македонски“ и улицата „Архимедова“, како и објектите во близина и околу домот „Стив Наумов“, Хемискиот институт, сендвичара „Хемиски“, „Муровска меана“ и црквата „Свети Архангел Михаил“.
Од ЕВН информираат дека станува збор за најавен прекин во снабдувањето со електрична енергија.