На 20 јуни 2026 година, во Галичник ќе се одржи петтото издание на Galicko Festival, настан кој повторно ја спојува планината со електронската музика под отворено небо. Фестивалот нуди целодневно доживување со активности на отворено и вечерна музичка програма, а влезот е бесплатен.
Дневната програма, под наслов „Galicko by Day“, вклучува планински тури и велосипедски рути организирани од повеќе групи и клубови, меѓу кои United Macedonian Bikers со вело тура Галичник–Лазарополе–Галичник, ПСК Бистра–Гостивар со искачување на Ицкова патека и врв Старци (1.709 м), како и планинарски рути кон Меденица (2.163 м) и Вели Врв (1.916 м).
Во текот на денот ќе настапат диџеите Nikifor и Erik Fox, додека вечерниот дел од фестивалот носи настапи на Galoski, BDM, Kandar, Lephonq & Martin и Erik Fox, со opening сет на Bodan Pop & Filip Jovanovski. Galicko Festival Nº V е посветен на диџеј Ицко, легендарна фигура на Антена 5 Радио, а организаторите истакнуваат дека фестивалот останува симбол на поврзување на музиката, природата и заедницата.
Пет години по ред, истиот дух, истата планина и истата идеја, Галичник како сцена под отворено небо.