Од 8 до 10 мај, на приземјето во Скопје Сити Мол ќе се одржи фестивалот „Откриј ги тајните на корејската убавина“, настан посветен на современите трендови во негата на кожа, корејската козметика и глобалниот K-beauty пристап кон убавината.
Во текот на трите фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со различни производи, рутини и практики за нега на кожа, како и со концептот на сјајна, мазна и здрава кожа, кој во последните години станува сè поприсутен и кај домашната публика.
Програмата предвидува и едукативни панел-дискусии со експерти, фармацевти и дерматолози, кои ќе зборуваат за современата дермокозметика, активните состојки и придобивките од корејскиот пристап кон убавината. Настанот е замислен како можност посетителите директно да се информираат, да споредат производи и да откријат решенија што одговараат на нивните потреби.
Корејската козметика се издвојува по практични и ефективни решенија за различни типови кожа и возрасти. Таа е прифатена и кај тинејџери кои се соочуваат со првите проблеми со кожата, но и кај возрасни жени и мажи кои бараат одржување на здрава, хидрирана и негувана кожа. Производите најчесто се базираат на лесни текстури, природни состојки и постепени резултати, со фокус на секојдневна нега наместо на брзи и агресивни третмани.
На фестивалот ќе бидат претставени неколку брендови, меѓу кои CosLOVEmetics, Yeppeuda и K-Beauty Зегин. CosLOVEmetics нуди селектиран избор на корејска козметика со над 3.000 производи од 120 светски козметички брендови, како и бесплатно советувалиште за персонализирани совети и поддршка.
Yeppeuda активно ја развива корејската козметика на македонската сцена, со избор од над 20 светски брендови за нега на кожа и коса. Брендот промовира сертифицирани и безбедни производи со чисти и ефективни состојки, како и пристап кон убавината што ја поврзува надворешната нега со внатрешната благосостојба.
Во рамки на компанијата Зегин функционира и специјализираната продавница K-Beauty Зегин, која нуди повеќе од 30 корејски брендови. Во понудата се вклучени производи со фокус на природниот ритам на кожата, биоразградливи маски, вегански формули и персонализиран пристап преку Face Scan апарат за одредување тип на кожа и испитување на скалпот.
Фестивалот „Откриј ги тајните на корејската убавина“ има цел на едно место да ја доближи K-beauty филозофијата до посетителите и да покаже како корејската рутина за нега може да се примени во секојдневието.