Eпидемија на ебола: 80 лица починаа во Конго, заразени и жители на Уганда

Нова епидемија на ебола се појави во Конго во петокот наутро, а инфекцијата се прошири и во соседна Уганда во текот на денот

Осумдесет лица починаа во Конго по повторното избувнување на епидемијата на ебола, објави Министерството за здравство на земјата во нов биланс.

Министерството потврди нови случаи доцна синоќа, откако последното пребројување потврди 246 случаи и 65 смртни случаи, а инфекцијата се прошири во провинциите Рвампара, Монгвала и Бунија, објави денес британската агенција Ројтерс (Reuters) на својата веб-страница.

Африканскиот центар за контрола и превенција на болести (CDC), главната здравствена организација на тој континент, потврди нова епидемија на ебола во Конго во петокот наутро, а инфекцијата се прошири и во соседна Уганда во текот на денот.

Првите случаи беа откриени во четврток.

Владата на Конго соопшти дека го активирала својот центар за итни случаи во јавното здравство, го зајакнала епидемиолошкиот и лабораторискиот надзор и наредила брзо распоредување на тимови за одговор.

Светската здравствена организација (СЗО) во петокот објави дека испратила свои тимови во Конго за да им помогнат на локалните лекари и издвоила 500.000 долари за борба против инфекцијата во тој дел од Африка.

Последната епидемија на ебола во Конго заврши пред околу пет месеци, по 43 смртни случаи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс