Сè повеќе електрични и хибридни возила влегуваат во Европската Унија

Речиси половина од увезените автомобили во ЕУ се веќе електрични или хибридни, а интересот постојано расте.

Електричните и хибридните автомобили сè повеќе го освојуваат европскиот пазар. Во 2024 година, дури 43% од увезените автомобили во Европската Унија биле електрични или хибридни, покажуваат податоците на Евростат. 

Од друга страна, овие возила сочинуваат околу 28% од извозот на автомобили од ЕУ, што покажува дека побарувачката расте и на глобално ниво. 

Најголем дел од увозот се однесува на хибридни возила, особено оние што не се полнат на струја, додека целосно електричните автомобили сочинуваат околу 16% од увозот

Кина е водечки извозник на електрични автомобили во ЕУ и учествува со 55% од вкупниот увоз на вакви возила, додека зад неа се Јужна Кореја, Јапонија и САД. 

Во рамките на самата Европска Унија, од вкупно произведените 12,1 милиони автомобили во 2024 година, речиси една третина се електрични или хибридни, што покажува јасен тренд кон почиста и поодржлива мобилност. 

Вредноста на производството на автомобили во ЕУ достигнала 322 милијарди евра, при што значителен дел доаѓа токму од електричните и хибридните возила. 

Овие податоци покажуваат дека транзицијата кон електрични возила не е повеќе иднина, туку веќе реалност која брзо се развива низ Европа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни