„Твинго“ од Словенија е најпродаваниот електричен автомобил во Франција

Електричниот модел на „Рено“ се произведува во Ново Место, а во Франција чини од 19.490 евра пред субвенции.

Електричниот „Рено Твинго“ во октомври беше прв меѓу електричните автомобили во Франција со 4.747 нови регистрации, пишува српски „Телеграф“. Веднаш зад него се најде уште еден модел на истата марка, „Рено 5“, со 4.666 регистрации. Разликата беше само 81 автомобил.

„Твинго“ беше четврти и на вкупната листа на новорегистрирани автомобили во Франција. Во октомври таму биле регистрирани речиси 150.000 нови патнички автомобили.


Француските медиуми, на кои се повикува „Телеграф“, дел од успехот го припишуваат на цената. Во Франција електричниот „Твинго“ чини од 19.490 до 21.290 евра, зависно од опремата, пред да се пресметаат субвенциите. Побарувачката се одразува и во словенечкото Ново Место, каде што фабриката „Ревоз“ го зголемува производството и вработувањето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс