Сè повеќе домаќинства користат едноставни кујнски трикови како замена за класични хемиски средства при перење алишта. По популарноста на оцетот и сода бикарбоната, внимание привлекува уште една секојдневна состојка, обичната кујнска сол. Се смета дека додавањето една до две лажици сол во барабанот на машината за перење може да помогне во омекнување на водата, особено во региони со тврда вода. На овој начин се олеснува разградувањето на остатоците од детергентот, што придонесува алиштата да бидат помеки и попријатни на допир.
Покрај тоа, солта може да помогне во зачувување на боите на облеката, спречувајќи нивно избледување и појава на сивило кај белите ткаенини. Некои корисници тврдат дека таа може да го намали и собирањето на одредени памучни материјали при првите перења.
Употребата е едноставна солта се додава директно во барабанот пред перење, заедно со облеката и вообичаениот детергент. По желба, наместо омекнувач може да се користи и малку оцет. Сепак, експертите предупредуваат дека солта треба да се користи умерено, бидејќи пречестата употреба може да влијае на делови од машината за перење на долг рок.