Еболата во Конго зима замав, над 1.000 сомнителни случаи

Здравствените власти во Демократска Република Конго потврдија 225 случаи на ебола, додека бројот на сомнителни случаи за само еден ден порасна од 906 на 1.028.

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се влошува: бројот на сомнителни случаи порасна на 1.028, откако еден ден претходно изнесуваше 906. Министерот за здравство Самуел Роже Камба соопшти дека досега се потврдени 225 случаи на зараза.

Светската здравствена организација претходно објави дека од прогласувањето на епидемијата на 15 мај во Конго се регистрирани 10 потврдени и 223 сомнителни смртни случаи. СЗО предупредува дека размерите на епидемијата може да бидат поголеми, бидејќи вирусот одреден период циркулирал незабележано.

Во соседна Уганда се регистрирани девет заразени и еден смртен случај, а дел од случаите се поврзуваат со патници од Конго. Уганда привремено ја затвори границата со Конго во обид да го спречи ширењето на заразата.

СЗО ја прогласи епидемијата во Конго и Уганда за меѓународна здравствена вонредна состојба. Дополнителна загриженост предизвикува тоа што станува збор за сојот Bundibugyo, за кој во моментов нема лиценцирана вакцина или специфичен третман.

е-Трн да боцка во твојот инбокс