Албанија и Северна Македонија воведуваат „One Stop Shop“ на граничниот премин Ќафасан

Албанската влада одобри воведување заеднички гранични контроли „One Stop Shop“ со Северна Македонија на преминот Ќафасан, со цел побрз проток на патници и стоки.

Албанската влада на денешната седница го одобри воведувањето на системот за заедничка гранична контрола „One Stop Shop“ со Северна Македонија, со што се отвора пат за поедноставен и побрз премин на границата меѓу двете земји. Системот првично ќе се применува на граничниот премин Ќафасан, а потоа се планира негово проширување и на други гранични премини.

Одлуката доаѓа по претходното одобрување на македонската влада, со што се заокружува процесот на воспоставување на заеднички гранични проверки меѓу двете држави. За имплементација на системот останува да се потпише договор меѓу министерствата за внатрешни работи на двете земји.

Со новиот модел се предвидува координирана гранична контрола која треба да овозможи побрзо движење на патници и стоки, како и поголема ефикасност и безбедност на сообраќајот на границата. Властите истакнуваат дека ова е особено значајно во летниот период кога има зголемен број патници и чести гужви на граничните премини. Со оваа одлука, системот „One Stop Shop“ ќе биде воспоставен со сите соседни земји кои не се дел од Шенген зоната, откако претходно веќе беше воведен со Србија и Косово.

е-Трн да боцка во твојот инбокс