Кубанската делегација го напушти заседанието на Генералното собрание на ОН додека американскиот претседател Доналд Трамп зборуваше за ситуацијата на Куба и остро ја критикуваше комунистичката власт во Хавана.
Во својот говор на 81. заседание на Генералното собрание на ОН, Трамп изјави дека кубанскиот режим е под „најголем притисок досега“ и го опиша како „целосно пропадната држава“. Тој додаде дека режимот „пропаѓа како никогаш досега“ и порача дека ќе падне.
Токму во моментот кога ги упати овие критики, кубанската делегација предводена од министерот за надворешни работи Бруно Родригез Париља стана и ја напушти салата.
Куба не беше единствената делегација што демонстративно го напушти говорот.
Кога Трамп се осврна на американските воени напади врз Иран во изминатите шест месеци, салата ја напушти и иранската делегација. Од иранските претставници, во салата останал само еден член.
Трамп во говорот ја спомена и улогата на американскиот државен секретар Марко Рубио, за кого рече дека е „длабоко вклучен во преговори со Куба“.
Настанот се случи во текот на годишното собирање на светските лидери во Њујорк, каде што говорот на американскиот претседател привлече внимание и поради неговите остри оценки за повеќе меѓународни прашања.