Со предлог ребалансот на Буџетот за 2026 година се обезбедуваат дополнителни 4 милиони денари за две важни општествени мерки – поддршка на жените земјоделки и финансирање на националната СОС линија за помош на жртви на родово и семејно насилство.
Од нив, 2 милиони денари се наменети за поддршка на жените кои вршат земјоделска дејност, додека дополнителни 2 милиони денари ќе бидат издвоени за функционирање на националната СОС линија за поддршка на жртви на родово и семејно насилство.
Средствата се обезбедени по прифаќањето на два амандмани во рамки на амандманската расправа во матичната Собраниска комисија за финансирање и буџет. Во Комисијата се разгледуваат предлог-измените и дополнувањата на Буџетот за 2026 година. Расправата како матично тело може да трае до 10 дена, а општата расправа започна на 3 јули.
По тридневната расправа за предлог-ребалансот, започна амандманската фаза во која се поднесени вкупно 224 амандмани. Дополнителните средства за жените земјоделки се насочени кон подобрување на нивната економска положба и поддршка на нивното учество во земјоделскиот сектор, додека средствата за СОС линијата треба да придонесат за подобра достапност на помош и поддршка за жртвите на семејно и родово базирано насилство.