Психолозите предупредуваат: Бaналните домашни задачи се главна причина за раздор кај паровите

Иако изгледаат како неважни дневни рутини, начинот на собирање алиштата или како се полни машината за садови откриваат подлабоки конфликти.

Разликите во начинот на кој се одржува домот честопати стануваат тивка причина за незадоволство и сериозни кавги меѓу партнерите. Наизглед едноставните обврски, како подредувањето на фрижидерот, местењето на креветот или рачното миење садови, редовно завршуваат како главна тема на терапиите за парови. Кога едниот партнер смета дека мора да го преработи веќе завршениот дел на другиот, фрустрацијата брзо преоѓа во подлабок емотивен јаз.

Психолозите за врски наведуваат дека секојдневните задачи како полнењето на машината за садови или диплењето на алиштата се меѓу најчестите извори на несогласувања. Според психологот Џули Готман, токму овие банални обврски редовно се појавуваат како тема за време на советувањата. Различните критериуми за тоа што значи „чисто“ или „добро организирано“ создаваат чувство кај едниот партнер дека неговиот начин е единствениот правилен, додека работата на другиот постојано се осудува.

Разликите во приоритетите се гледаат во речиси секој агол од домот. Додека еден партнер инсистира на прецизен систем за подредување храна во фрижидерот или хотелски затегната постелнина, за другиот е доволно само да го префрли прекривачот. Истото важи и за хигиената во бањата или брзината со која работите се враќаат на своето место по користењето.

Во основата на овие кавги ретко стои самиот предмет, најчесто се работи за чувство на непочитување на трудот или личните граници.

е-Трн да боцка во твојот инбокс