До 38 степени и силно сонце: Еве кога Македонија ќе влезе во нов топлотен бран

Сончево и многу топло време ја очекува Македонија, со температури до 38 степени. Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб ветер. Еве што најавуваат УХМР и AccuWeather.

Сончево, суво и сè потопло време ја очекува Македонија во текот на денешниот ден, а температурите на повеќе места ќе се доближат до 38 степени. Според прогнозата на УХМР, времето ќе биде претежно сончево со мала облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец, без услови за врнежи.

Највисоките дневни температури низ земјата ќе се движат од околу 32 до 38 степени, што е вовед во нов период на стабилно и жешко летно време.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала облачност и слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне околу 34 степени, а времето ќе биде погодно за активности на отворено, но со препорака да се избегнува престој на сонце во најтоплиот дел од денот.

Метеоролозите ужуваат дека во наредните денови жештините ќе продолжат, со максимални температури кои во Скопје ќе се движат околу 38 степени, пред кон средината на следната недела да се очекува благо освежување.

Здравствените власти препорачуваат граѓаните да внесуваат доволно течности, да избегнуваат директно изложување на сонце во периодот од 11 до 17 часот и да носат лесна, светла облека, особено постарите лица, хронично болните и малите деца.

е-Трн да боцка во твојот инбокс