Центарот за управување со кризи информира дека денеска до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 12 пожари на отворен простор.
Од нив, активен е само еден пожар додека а изгаснати се 11 пожари.
Активен пожар има во Општина Кочани, село Рајчани, кај црквата „Света Троица“ каде што гори ниска вегетација.
Изгаснати се пожарите:
Општина Струмица: с. Добрејци (ниска вегетација, ѓубре).
Општина Кратово: с. Железница (депонија).
Општина Ново Село: с. Бајково (шумски пожар).
Општина Струга: с. Делогожда (ниска вегетација).
Општина Велес: кај гробиштата на црквата „Св. Спас“ (ниска вегетација).
Општина Тетово: с. Фалише (ниска вегетација).
Општина Желино: с. Требош (ѓубре).
Општина Врапчиште: с. Врапчиште (ниска вегетација и ѓубре).
Општина Куманово: с. Ново Село (ниска вегетација).
Општина Арачиново: с. Грушино (стрниште).
Општина Илинден: Ајватовски Пат (ниска вегетација и стрниште).