До 18:00 часот еден активен и 10 изгаснати пожари

Изгаснати се 10 пожари, а активен пожар има во Општина Василево, во селото Василево каде гори депонија, информираат од ЦУК

Ценнарот за управување со кризи информира дека денеска до 18:00 часот, на територијата на државата се регистрирани 11 пожари на отворен простор.

Од нив, еден пожар е активен, а 10 пожари се изгаснати.

Активен пожар има во Општина Василево, во селото Василево каде гори депонија

Изгаснати пожари се: Општина Дебар – с. Гари (ниска вегетација и нискостеблеста мешана шума);
Општина Центар Жупа – Центар Жупа (нива); Општина Валандово – с. Касандол (ниска вегетација);
Општина Долнени – с. Житоше и с. Локвени (ниска вегетација и ѓубре); Општина Битола – нас. Мал Париз (ниска вегетација); Општина Аеродром – нас. Драчево (ѓубре); Општина Чучер Сандево – с. Блаце (ниска вегетација и шума); Општина Шуто Оризари – ул. Брњачка Буна (ниска вегетација и ѓубре); Општина Тетово – патот Тетово – Брвеница (ниска вегетација); Општина Кратово – с. Железница (депонија)

е-Трн да боцка во твојот инбокс