Центарот за управување со кризи го соопшти пресекот на пожари на отворен простор.
„До 18:00 часот на територијата на државата се регистрирани вкупно 6 пожари на отворен простор. Од нив, еден пожар е сè уште активен, додека пет се целосно изгаснати.
Активен е пожарот во атарот на селото Војница, Општина Чашка, каде што е зафатена борова шума.
Во текот на денот се изгаснати пет пожари, и тоа во атарите на селата Глуво (Општина Чучер Сандево), Талашманце и Железница (Општина Кратово), Вашарејца (Општина Могила) и Дебреште (Општина Долнени). Кај овие пожари биле зафатени мешана шума, ниска вегетација и депонии“ се наведува во соопштението на ЦУК.