До 18:00 часот на 19.06.2026 година, на територијата на државата се евидентирани вкупно 13 пожари на отворен простор, информираат од Центарот за управување со кризи
Оттаму додаваат дека пет пожари се активни, еден е ставен под контрола, а седум се целосно изгаснати.
Активни пожари:
Општина Куманово, населба Баново Трло – пожар на ѓубре;
Општина Куманово, ул. „Ѓуро Пучар – Стари“ – гори ниска вегетација;
Општина Гази Баба, населба Сингелиќ – гори ниска вегетација и ѓубре;
Општина Аеродром, село Горно Лисиче – гори ѓубре и ниска вегетација;
Општина Василево, село Градошорци – гори ниска вегетација.
Пожар под контрола:
Општина Кратово, село Железница – пожар на депонија.
Изгаснати пожари:
Општина Арачиново, село Арачиново – пожар на ѓубре и ниска вегетација;
Општина Струмица, село Старо Балдовци – горела ниска вегетација, тополи и капини;
Општина Гевгелија, месност Негорци – горела ниска вегетација;
Општина Гевгелија, месност Негорци покрај реката Вардар – горела ниска вегетација;
Општина Велес, во близина на црквата „Св. Спас“ – гореле ниска вегетација и ѓубре;
Општина Велес, на потегот Раштани – Бузалково – гореле ниска вегетација и трње;
Општина Теарце, село Нараште – горела ниска вегетација.