До 12 часот, пет активни пожари во Македонија

Активни пожари има во општините Шуто Оризари, Велес, Дојран и Старо Нагоричане, информираат од Центарот за управување со кризи

Денес до 12:00 часот, на територијата на државата се регистрирани седум пожари на отворен простор, информираат од Центарот за управување со кризи.

Од седумте активни пожари, два се се изгаснати.

Активни пожари има во: Општина Шуто Оризари – кај Џиди Комерц, каде гори ѓубре и сува трева;
Општина Старо Нагоричане – с. Ругинце, каде се зафатени ниска вегетација, стрниште и сува трева;
Општина Дојран – с. Сретеново, каде гори шума; Општина Велес – покрај автопатот Велес–Штип, кај Чолошево, каде гори ниска вегетација и сува трева; Општина Велес – на градската депонија, каде гори ѓубре.

Изгаснати се два пожара и тоа еден во Општина Долнени – с. Житоше, во близина на училиштето, каде гореле ниска вегетација и сува трева и Општина Битола – с. Кукуречани, каде горело ѓубре.

е-Трн да боцка во твојот инбокс