dm и „Матрона“ организираа бесплатна обука за исхрана на деца и орална хигиена

Повеќе од 40 учесници присуствуваа на бесплатната едукативна обука во Скопје, каде стручни лица зборуваа за правилната исхрана кај децата и значењето на оралната хигиена кај трудниците и најмладите.

Компанијата dm drogerie markt, во соработка со Здружението за промоција и поддршка на здравјето „Матрона“, одржа бесплатна едукативна и интерактивна обука на тема „Правилна исхрана кај деца во најрана возраст и важноста на оралната хигиена кај трудници и деца“. Настанот се одржа на 17 јуни во „Јавна соба“ во Скопје, а присуствуваа повеќе од 40 учесници.

Обуката беше посветена на две клучни теми за здравиот развој на детето и за грижата за здравјето на мајката. Предавањата ги одржаа прим. д-р Марина Поп Лазарова, специјалист по неонатологија, и спец. д-р Бојан Ангеловски, стоматолог, кои преку практични примери и стручни совети ги доближија темите до присутните.

Учесниците имаа можност да дознаат повеќе за правилната исхрана во најраната возраст, за создавањето здрави навики кај децата, како и за важноста на одржувањето на оралната хигиена за време на бременоста и во детскиот период.

Покрај предавањата, присутните можеа директно да поставуваат прашања и да добијат совети од стручните лица за предизвиците со кои се соочуваат во секојдневната грижа за здравјето на децата и семејството.

Како дополнителна поддршка, секој учесник доби ваучер за 15 проценти попуст на babylove производите во dm продавниците, како и babylove пакет со производи.

Настанот е дел од „Караванот на мајчинство“, иницијатива што dm и „Матрона“ ја реализираат втора година по ред со цел да обезбедат едукација, поддршка и практични информации за идните родители и семејствата.

Годинава караванот започна со онлајн обука за дохрана на бебињата, продолжи со едукација за детскиот сон и развојните навики, како и со обука за раниот моторен развој кај децата. Во рамки на програмата, во мај во Битола беше организирана и бесплатна средба посветена на пренаталната едукација и грижата за новороденчињата.

Од dm посочуваат дека преку ваквите активности сакаат да им овозможат на родителите пристап до релевантни информации, стручни совети и практична поддршка во различните фази од родителството, со фокус на здравјето и благосостојбата на децата и семејствата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс