Дипломатскиот кор и локалните клубови возеа велосипедска тура околу Охридското Езеро во рамки на „Месецот на Европа“

Дипломати и локални велосипедисти учествуваа во тура околу Охридското Езеро, организирана за Денот на ЕУ и завршницата на „Месецот на Европа“ во Северна Македонија.

Со учество на членови на дипломатскиот кор и локални велосипедски клубови, денеска околу Охридското Езеро се одржа велосипедска тура во рамки на завршницата на „Месецот на Европа“ и одбележувањето на Денот на Европската Унија во Северна Македонија. Турата започна во Струга, по што маршрутата продолжи преку Поградец во Албанија, па преку Охрид, за повторно да заврши во Струга, формирајќи кружна рута околу Охридското Езеро.

Настанот имаше за цел промоција на активниот туризам, природните убавини на регионот и зајакнување на меѓународната соработка преку спортски активности. Учесниците истакнаа дека ваквите иницијативи придонесуваат за поврзување на заедниците и промоција на здрав начин на живот.

Заменик-шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Бен Нупнау, изјави дека настанот претставува одлична можност за дружење и рекреација.

Тој истакна дека турата е дел од завршните активности на „Месецот на Европа“, кој се одбележува низ земјите од Западен Балкан и Европската Унија со цел промоција на европските вредности, соработка и приближување на институциите до граѓаните преку културни, спортски и едукативни настани.

е-Трн да боцка во твојот инбокс