„Денови на детска кариера“ во Diamond Mall: професиите на возрасните поблиску до децата

Архитект, инженер, лекар, уметник, форензичар, флорист и пчелар ќе ги доближат своите професии до најмладите преку интерактивни работилници.

На 10 мај, со почеток во 12 часот, во атриумот на Diamond Mall ќе се одржи настанот „Денови на детска кариера“, наменет за најмладите кои сакаат да истражуваат, учат и откриваат нови интереси преку игра и практично искуство.

Настанот, кој се одржува втора година по ред, ќе им овозможи на децата да се запознаат со седум различни професии: архитект, градежен инженер, лекар, уметник, форензичар, флорист и пчелар. Преку интерактивни работилници, децата ќе можат да учествуваат во практични задачи и да ги препознаат сопствените афинитети, таленти и љубопитности.

Архитект ќе ги воведе децата во светот на дизајнот и ќе ги води низ изработка на град од хартија, додека градежен инженер ќе им покаже зошто се важни стабилните конструкции, преку изработка на куќички од дрво. Претставник од медицинската професија ќе им помогне на најмладите подобро да го разберат функционирањето на човечкото тело и виталните органи.

За децата со креативен дух, уметник ќе ги инспирира да ја истражат уметноста и визуелното изразување. Ќе биде претставена и професијата форензичар, преку која децата практично ќе научат што се отпечатоци од прсти и како се анализираат.

Флорист ќе ги воведе децата во светот на цвеќето, со можност сами да изработат икебана, додека пчелар ќе сподели интересни факти за пчелите, нивната улога во екосистемот и процесот на производство на мед.

„Во Diamond Mall веруваме дека децата најдобро учат преку игра и забава. Со настанот ,Денови на детска кариера’ сакаме да им овозможиме на најмладите да се инспирираат, да експериментираат и да стекнат нови знаења преку директно искуство со различни професии. Особено нè радува што оваа иницијатива прераснува во традиција и што од година во година гледаме сè поголем интерес и ентузијазам кај децата и нивните родители“, истакна Селин Октај, директорка на Diamond Mall.

„Денови на детска кариера“ е замислен како спој на едукација и забава, преку кој професиите на возрасните стануваат поблиски и поразбирливи за децата. Настанот е дел од програмата на Diamond Mall, кој преку различни активности за посетителите настојува да создава семејни искуства, дружење и содржини за сите генерации.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни