Летото за жителите на северната полутопка започнува во недела, 21 јуни во 10 часот и 24 минути, додека истовремено на јужната полутопка започнува зимата. На денот кога започнува летото, во Белград сонцето ќе изгрее во 4:51 часот, а ќе зајде во 20:27 часот, што значи дека денот ќе трае 15 часа и 36 минути, додека ноќта ќе трае 8 часа и 24 минути.
Тогаш сонцето го прави својот највисок дневен пат над хоризонтот, изгрева на североисток, на пладне достигнува најголема висина во текот на годината, а заоѓа на северозапад. Астрономите објаснуваат дека Сонцето тогаш се наоѓа во точката на летниот солстициум, односно сонцестој. Тоа создава впечаток дека висината на Сонцето околу пладне не се менува неколку дена, како „да стои во место“.
Летото ќе трае 93 дена, 15 часа и 40 минути, а ќе заврши на 23 септември во 02:05 часот, кога започнува есента. Потоа денот постепено ќе се скратува сè до 21 декември, кога започнува зимата.