Охрид го празнува денот на езерото

1,3 милиони години природа наспроти 50 години човечки грешки: приказната за Охридското Езеро

На 21 јуни се одбележува Денот на Охридското Езеро, едно од само двете древни езера во Европа, дом на над 200 ендемски видови. Извештајот на УНЕСКО за 2024 година е директен: закани постојат, мерки не се спроведуваат, а состојбата не покажува тренд на подобрување.

Охридското Езеро е старо 1,3 милиони години. Во него живеат над 200 видови кои не постојат никаде друго на планетата. На единица површина, тоа има убедливо највисок индекс на биодиверзитет од сите езера во светот. На 21 јуни го одбележуваме неговиот ден. Во 2024 година, УНЕСКО предупреди дека не се спроведени мерките за надминување на постоечките закани и дека состојбата со заштитата не се подобрува. Декларации постојат, но пеките кои се влеваат во езерото сè уште се загадени.

Живиот фосил со наjвисок индекс на биодиверзитет во светот

Во светот постојат само дваесетина древни езера, езера постари од еден милион години. На европскиот континент се наоѓаат само две: Охридското и Преспанското Езеро, покажуваат податоците на Еколошкото здружение на граѓаните Фронт 21/42.

Охридското Езеро е дом на над 1.200 видови. Над 200 од нив се ендемски и ги нема на ниедно друго место на планетата. Меѓу нив е охридската пастрмка, ендемски вид стар милиони години, симбол на езерото и на регионот. Во неговите води постојат живи фосили, древни видови кои не еволуирале за два милиони години и кои се бесценет извор за научни истражувања на еволуцијата на видовите.

Градот Охрид заедно со езерото е запишан на Листата на светско наследство на УНЕСКО уште од 1979 и 1980 година, прво како природно, а потоа и како мешано природно и културно добро. Тоа е двоен статус кoj ретко која локација во светот го поседува, но статусот на УНЕСКО не е вечна гаранција. Тоj е услов со обврски. А обврските, според наjновите оценки, не се исполнуваат.

Охридското Езеро, кое е на списокот на светско наследство на УНЕСКО и се протега помеѓу Македонија и Албанија, е во опасност од загадување, прекумерен риболов и урбан развој, предупредуваат експертите на Обединетите нации во извештаjот за 2024 година. Во своjот извештаj за 2024 година, УНЕСКО предупреди на неконтролираниот урбанистички развоj на езерскиот брег и прекумерниот туризам. Исто така, експертите на ОН упатиjа предупредувања до Македониjа и до Албаниjа дека не се спроведени мерките за надминување на постоечките закани и спречување на поjавата на нови. „Состojбата со заштитата на локалитетот не се подобрува и не се забележува тренд за започнување на враkање на неговиот интегритет”, стои во соопштениeто на УНЕСКО.

Во jули 2025 година, Комисиjата на УНЕСКО предложи регионот Охрид да се стави на листата на загрозени светски наследства поради сериозното влошување на неговиот културен и природен потенциjал.

Реките, септичките jами и ресторани без колектор

Еколозите и жителите сведочат дека во Охридското Езеро продираат води од септички jами, полски клозети, фарми и депонии, но и од цевките на десетици ресторани, хотели и приватни резиденции неповрзани на колекторскиот систем. Тоа влиjае езерото забрзано да ги губи популациите на риби, полжави и други ендемски видови стари милиони години.

Четирите реки коj се влеваат во езерото, Черава, Грашница, Далjан и Сатеска, воедно се и наjголемите загадувачи. Сатеска дополнително носи во езерото големи количини речна песок, создаваjки огромни наноси. Според проценката на ИУЦН, 28 видови фауна во Охридското Езеро се оценети како ранливи, 17 како загрозени и 10 како критично загрозени.

Методија Велевски, заменик директор на Македонско еколошко друштво, во интервjу за Бриф.мк, предупреди дека охридската белвица, ендемски вид пастрмка карактеристичен за Охридското Езеро, спаѓа меѓу критично загрозените видови на национално ниво.

„Ако некој вид е незасегнат на глобално ниво, истиот може да биде ранлив или близу засегнат на европско ниво, па дури и загрозен на национално ниво”, изjавил Велевски, нагласуваjки дека ендемските видови на Охридото Езеро се особено ранливи токму затоа шo го нема на ниедно друго место каде би можеле да преживеат.

МЕД пак за 2025 година меѓу приоритетите ги именувал и зачувувањето на популациите на засегнатите водни видови, директно поврзано со состоjбата на Охридото Езеро.

Неконтролирана урбанизациjа: бетон на брегот

Еколозите предупредуваат дека реките коj се влеваат во Охридското Езеро и помалите крajбрежни населби се постоjани извори на загадување. Охридскиот брег во последните децении доживеа неконтролирана урбанизациjа. Легални и нелегални градби, хотели и ресторани изградени во непосредна близина на водата, туристичка инфраструктура без соодветна комунална поддршка: сето тоа го притиснало екосистемот коj природата изградувала со милиони години.

Владата на Македониjа во jуни 2024 година го поништи планираниот ски-центар и пат низ Националниот парк Галичица, но еколозите укажуваат дека поединечните одлуки не заменуваат системска заштита.

1,3 милиони години не се бранат со еден ден

Охридското Езеро е постаро од скоро сите цивилизации коj денес постоjат. Го преживеало леденото доба, тектонските промени, исчезнувањето на различните видови. Но УНЕСКО за прв пат во историjата предложи негово ставање на листата на загрозени светски наследства поради активности коj се случиле за само педесет години. Педесет наспроти 1,3 милиони. Тоа е размерот на проблемот.

Денот на Охридското Езеро е ден за пресметка: со тоа шo го имаме, со тоа штo не правевме и со тоа шo ни останало да направиме ако сакаме езерото да постои ушe 1,3 милиони години.

е-Трн да боцка во твојот инбокс