Делови од 6 општини во Скопје утре ќе останат без струја

ЕВН Македонија информира за планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа кои ќе предизвикаат повеќечасовни прекини во редовното снабдување со електрична енергија.

Голем број жители од неколку реони во главниот град и околината утре ќе се соочат со привремен прекин во снабдувањето со електрична енергија поради планирани технички интервенции во дистрибутивната мрежа. Како што соопштуваат од ЕВН Македонија, најавените исклучувања ќе опфатат корисници од шест скопски општини, односно Кисела Вода, Сарај, Карпош, Гази Баба, Аеродром и Сопиште.

Според официјалниот распоред на енергетската компанија, први без струја во периодот од 08:00 до 12:00 часот ќе останат потрошувачите од улицата Партизански Пат, додека во нешто подолг рок, од 08:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе бидат селата Рашче, Бојане, Копаница, Хлорната станица Рашче, како и дел од селото Кондово во Општина Сарај.

Во Општина Карпош се најавени два посебни прекини, па така од 09:00 до 09:30 часот струја ќе нема на дел од улицата Иван Цанкар, а подоцна од 11:00 до 15:00 часот без напојување ќе останат и дел од корисниците на улицата Ванчо Мицков.

Во исто време, од 09:00 до 12:30 часот струја ќе нема на улиците 1 и 2 во Новата населба Хиподром во Општина Гази Баба, додека во Општина Аеродром во периодот од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе биде улицата Владимир Комаров.

Последни на списокот за утрешните интервенции се жителите од Општина Сопиште, каде што од 13:00 до 15:00 часот без напојување ќе останат корисниците лоцирани на улицата „1“ на потегот од Сопиште кон Горно Соње.

е-Трн да боцка во твојот инбокс