Цените на нафтата денеска се искачија на највисокото ниво во последните шест недели, поради загриженоста на инвеститорите дека ескалацијата на конфликтот меѓу Соединетите Американски Држави и Иран може да го наруши снабдувањето со енергенси од Блискиот Исток.
Цената на северноморската нафта „брент“ во текот на тргувањето достигна 94,4 долари за барел, а подоцна се стабилизираше на околу 94 долари, покажуваат податоците на „Трејдинг економикс“.
Во исто време, американската лесна сурова нафта WTI достигна цена од 88,6 долари за барел, по што се повлече на околу 86,5 долари.
Растот на цените е поттикнат од стравувањата дека евентуално проширување на конфликтот меѓу САД и Иран би можело да предизвика прекини во испораките на нафта од еден од најважните светски енергетски региони.