ЦУК се бори со два активни пожари: денеска регистрирани вкупно 14 на отворено

ЦУК информира дека денеска до 20 часот низ државата се регистрирани 14 пожари на отворено, од кои два во Кичево и Битола, сѐ уште се активни.

Вкупно 14 пожари на отворен простор се регистрирани денеска низ државата до 20 часот, информира Центарот за управување со кризи.

Од нив, два пожари сѐ уште се активни.

Едниот е во близина на стадионот во Кичево, каде што гори стрниште и сува трева. Вториот активен пожар е на територијата на Битола, кај тунелот на обиколницата.

Останатите пожари се изгаснати. Интервенции имало во повеќе општини, меѓу кои Дебар, Дебарца, Демир Капија, Ѓорче Петров, Новаци, Прилеп, Пробиштип, Свети Николе, Кочани и Куманово.

Два пожари биле регистрирани и на подрачјето на општина Центар — еден на булеварот „Македонија“, а друг на улицата „Тодор Александров“.

Претходно беше информирано дека пожарот во демиркаписко Прждево зафатил три постари куќи, а од опасност била спасена една повозрасна жена.

е-Трн да боцка во твојот инбокс