Во четврток на 24 август во 15:30 часот во Паркот на поезијата во Струга ќе се одржи патувачкиот Читачки клуб на Europe House.
“Заедно со Александар Маџаровски Читачот ќе отвориме многу прашања, особено ќе осврнеме на суштинските разлики меѓу поезијата и прозата и уникатната можност за израз што секоја од нив ја нуди. Сите љубители на книгите, ве покануваме да се вклучите во Europe House Skopje ‘s Book Club, и ве предизвикуваме да размислите:Дали поезијата денес е затворена со себерефлексија и го има заборавено раскажувачкиот елемент кој ѝ бил својствен во поголемиот дел од нејзината историја? Зошто се чини дека денес прозата, конкретно романот, е доминантна книжевна форма, а поезијата е читана од многу помал круг на луѓе? , порачуваат од Europe House Струга.