Четири пријави и тројца уапсени за семејно насилство во последното деноноќие

Уапсени се и тројца насилници, а случаи на семејно насилство биле регистрирани во Охрид, Велес, Тетово и Свети Николе

Министерството за внатрешни работи информира дека во последните 24 часа евидентирани се четири пријави за семејно насилство.

При постапувањето, уапсени се и тројца насилници, а случаите биле регистрирани во Охрид, Велес, Тетово и Свети Николе

На 30.04.2026 во 17:10 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 36-годишен велешанец, постапувајќи по претходна пријава дека и се заканувал на неговата 33-годишна вонбрачна партнерка пред домот каде таа престојувала, а истото се случило и неколку дена претходно. Известени се јавен обвинител и социјален работник и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30.04.2026  во 00:22 часот во СВР Охрид е пријавено дека Х.В. од Охрид,  во семејниот дом бил агресивен кон членови на неговото семејство.

На 01.05.2026 во 00:10 часот во Свети Николе полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Н.И.(27) по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата мајка.

На 30.04.2026 во 13:00 часот во Тетово, полициски службеници од ПС Тетово го лишија од слобода Н.К. (39) од  село во општина Боговиње. Претходниот ден во 15:30 часот, тој бил пријавен од неговата 41-годишна сопруга дека во нивниот стан физички ја нападнал.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни