Чад го прекри Водно, гори автобус на ЈСП

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, изјави дека според негови информации станува збор за автобус на ЈСП кој се запалил

Од повеќе делови на Скопје утрово може да се забележи густ чад на планината Водно.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, изјави дека според негови информации станува збор за автобус на ЈСП кој се запалил.

„Според податоците кои ги имам во моментов, на видиковецот на Водно има запален двокатен автобус на ЈСП, скопските пожарникари работат на негово гаснење, очекувам набргу да биде изгаснат, засега не постои опасност од ширење на огнот кон блиската вегетација“ изјави Ангелов.

Дополнителни информации од ДЗС, ЦУК, МВР но и од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје се очекуваат во текот на денов.

е-Трн да боцка во твојот инбокс