Четири знаци до 11ти јули може да добијат пари: кој има најмногу среќа?

Според астролошките толкувања, Раковите, Девиците, Вагите и Скорпиите до 11 јули може да добијат шанса за заработка, бонус или подобра финансиска понуда. Но, поради ретроградниот Меркур, големите одлуки и потпишувањето важни договори треба да се прават внимателно.

Четири хороскопски знаци влегуваат во период во кој парите може полесно да дојдат до нив.

Според астролозите, до 11 јули најмногу финансиска среќа може да имаат Раковите, Девиците, Вагите и Шкорпиите. Кај некого тоа може да биде подобро платена понуда, кај друг бонус, нова идеја што носи заработка или можност што долго време се одложувала.

Астролошкото објаснување се поврзува со Јупитер во Лав, кој носи поголема храброст, желба за видливост и потреба да се искористат шансите што се појавуваат. Но, во исто време, ретроградниот Меркур носи предупредување: не треба да се брза со кредити, големи купувања и важни потписи.

Парите можат да дојдат, но документите треба внимателно да се читаат.

Рак

Кај Раковите, можноста доаѓа преку подобро платена понуда или разговор за нова позиција. Ако во следните денови се појави предлог што на прв поглед делува неочекувано, астролозите советуваат да не се одбива веднаш.

Девица

Девиците, пак, ќе мора сами да го направат првиот чекор. Кај нив финансиската промена не доаѓа како подарок, туку како резултат на лична иницијатива, храброст и конкретна акција.

Вага

Вагите може да заработат преку идеја, комуникација, маркетинг, продажба или проект што конечно добива форма. Ова е период во кој, според астролозите, вреди да се каже гласно она што досега стоело само како план.

Шкорипија

Шкорпиите може да очекуваат признание преку работа. Бонус, исплата или задоцнет финансиски надомест може да стигне како потврда за нешто што одамна го заслужиле.

Овен

Астролозите посебно го издвојуваат и Овенот како знак што во овој период може да има среќа преку случајна добивка, но тоа не треба да се сфати како повик за ризик или трошење пари. Ако се игра игра на среќа, тоа треба да биде само симболично и за забава.

Главната порака на овој период е едноставна: можностите постојат, но не треба да се брза. Ретроградниот Меркур може да донесе недоразбирања, погрешни проценки и импулсивни одлуки.

е-Трн да боцка во твојот инбокс