Делови од општините Центар, Кисела Вода и Илинден денеска ќе останат без електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија АД.
Од 09:00 до 11:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците од улица 10 во Кадино, општина Илинден.
Во истиот период, од 09:00 до 11:00 часот, без струја ќе останат и корисниците од Природонаучниот музеј и табакот кај Зоолошката градина во општина Центар.
Во периодот од 08:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата Банско во општина Кисела Вода.