Делови од Општина Бутел денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати во електромрежата, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи, по известување од ЕВН.
Од 08:00 до 10:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Боца Иванова“, како и магацинот на ЕВН и објектот на автосервис „Дон“.
Во периодот од 10:00 до 12:00 часот прекин ќе имаат корисниците од улиците „Душко Поповиќ“, „Томе Пуре“ и „Боца Иванова“.
Дополнително, од 12:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците „Александар Турунџиев“ и „Рокомија“.