Бугарските пратеници едногласно се сложија да ги замрзнат своите плати

Според измените, пратениците ќе добиваат основна месечна плата во висина на три просечни месечни плати во јавниот сектор

Пратениците во бугарското Собрание, едногласно, со 193 гласа „за“, усвоија одлука за замрзнување на своите примања на нивото од март 2026 година, јави БТА.

Според измените, пратениците ќе добиваат основна месечна плата во висина на три просечни месечни плати на вработените по работен и службен однос во јавниот сектор, согласно податоците на Националниот статистички институт за март 2026 година.

Во текстот се предвидува основната месечна плата да може да се зголемува во согласност со политиката на доходи во буџетскиот сектор, согласно одредбите од Законот за државен буџет за соодветната година.

Петар Витанов од „Прогресивна Бугарија“, еден од предлагачите на измените, изјави дека идејата за замрзнување на платите е поврзана со големите очекувања на јавноста и дека во услови на криза народните претставници треба да дадат пример.

Витанов додаде дека со измените се укинува автоматското пресметување на платите на секои три месеци и се воведува потранспарентен и попредвидлив пристап.

Останатите измени предвидуваат усогласување на одредбите што се однесуваат на работата на постојаната парламентарна комисија за превенција и спречување на корупцијата, како и на други делови од деловникот, со усвоениот Закон за спречување на корупцијата кај лица што вршат јавни функции.

е-Трн да боцка во твојот инбокс