Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела надмина 4.000

Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Венецуела се искачи на 4.118 лица, додека илјадници се повредени и останаа без домови.
Фото: EPA/RONALD PENA R

Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Венецуела се искачи на 4.118 лица, соопшти претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригез. Во двата силни земјотреси што ја погодија земјата на 24 јуни, повредени биле 16.740 луѓе, додека 17.907 жители останале без своите домови.

Најсилно погодени се главниот град Каракас и крајбрежниот регион Ла Гваира, каде земјотресите предизвикаа големи материјални разурнувања. Земјотресите со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала беа проследени со повеќе од 600 последователни потреси, кои дополнително ја зголемија опасноста за населението и спасувачките екипи.

Властите продолжуваат со проценка на штетите и со обезбедување помош за погодените региони.

е-Трн да боцка во твојот инбокс