Блокадата на Ормутскиот теснец трае цели 95 дена: цените на контејнерскиот транспорт пораснаа за речиси 80%

Поради војната на Блискиот Исток и намалениот сообраќај низ Ормутската Теснина, цените на контејнерскиот транспорт глобално скокнаа за околу 80%, додека трговските рути се сериозно нарушени.

Глобалниот поморски транспорт се соочува со силни потреси поради продолжената безбедносна криза во Ормутската Теснина, клучен енергетски и трговски коридор. Според податоци од меѓународни поморски анализи, цените на контејнерскиот превоз бележат раст од речиси 80% од почетокот на конфликтот меѓу САД, Израел и Иран.

Индексот на светски контејнерски превоз (WCI) за контејнер од 40 стапки се зголемил од околу 1.899 долари на 26 февруари на 3.344 долари на почетокот на јуни, што претставува раст од околу 76%.

Драстичен пад на сообраќајот низ Ормутската Теснина

Сообраќајот низ стратешката рута Ормутска Теснина е намален за околу 90% во споредба со нормалните нивоа. Ова значително го нарушува глобалниот транспорт на нафта, гас и стока. Вообичаено, низ овој премин минуваат околу 100 бродови дневно, но сега бројката е сведена на само неколку.

Цената на транспорт на линијата Шангај–Њујорк пораснала за речиси 98%, додека рутата Шангај–Лос Анџелес бележи раст од над 100%. Бродските компании сè повеќе ги пренасочуваат рутите за да ги избегнат ризичните зони, што дополнително го продолжува времето на испорака и ги зголемува трошоците.

Глобални последици

Ормутската Теснина останува една од најчувствителните точки за светската економија, бидејќи преку неа поминува околу 20% од светските резерви на нафта, како и значајни количини течен природен гас и други суровини.

Иако има најави за можно повторно отворање на коридорот, бродските компании остануваат претпазливи и избегнуваат транзит сè додека не се обезбедат целосни безбедносни гаранции.

е-Трн да боцка во твојот инбокс