Биткоинот падна под 60.000 долари

Нивото од 62.000 долари се смета за важна психолошка и техничка граница, а останува да се види дали биткоинот ќе успее да ја стабилизира својата вредност
Фото: Jorge Franganillo, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Најпознатата и најголема криптовалута во светот, биткоин, денеска забележа значителен пад на вредноста и на кратко се спушти под 60.000 американски долари.

По таквиот шок, вредноста се стабилизира на околу 62.000 американски долари, што претставува пад од речиси 51 процент во однос на историскиот максимум од 126.198 долари.

Ова предизвика загриженост кај инвеститорите и нов бран на нестабилност на криптопазарот. Според податоците од водечките криптоберзи, цената на биткоинот во текот на денот се намали за неколку проценти, продолжувајќи го негативниот тренд што е присутен последниве денови.

Аналитичарите како можни причини ги посочуваат зголемената неизвесност на глобалните финансиски пазари, повлекувањето на капитал од ризични средства и засилената продажба од страна на краткорочни инвеститори.

Падот на биткоинот се одрази и врз останатиот криптосектор. Поголем број алтернативни криптовалути забележаа уште поголеми загуби, што придонесе за намалување на вкупната пазарна капитализација на криптоиндустријата. 

Засега, нивото од 62.000 долари се смета за важна психолошка и техничка граница, а останува да се види дали најпознатата криптовалута ќе успее да ја стабилизира својата вредност или ќе продолжи со надолниот тренд.

е-Трн да боцка во твојот инбокс