Binance најавува понизок праг за инвестирање со влез од само 5 долари

Binance најавува намалување на трошоците за инвестирање и пристап до глобалните пазари со почетен влог од само 5 долари за квалификувани корисници.

Binance најавува дека ги намалува трошоците и бариерите за инвестирање, со цел да овозможи поширок пристап до глобалните пазари.

Од компанијата посочуваат дека инвестирањето често се претставува како едноставно, но за многу луѓе пречките се појавуваат уште пред да се оствари каков било принос.

Како главни предизвици ги наведуваат надоместоците, посредниците, минималните барања за отворање сметка, бавниот процес на приклучување и ограничениот пристап до пазарите.

Скриени трошоци што ја намалуваат почетната инвестиција

Една од најголемите пречки, според Binance, е таканаречениот „friction tax“ — збир на трошоци што може да произлезат од конверзија на валути, банкарски трансфери, брокерски надоместоци и повлекување средства.

Овие трошоци можат да го намалат капиталот уште пред тој да добие можност да расте.

Од Binance наведуваат дека кај вложување од 1.000 долари во американски акции, ваквите трошоци во одредени случаи можат да достигнат околу 130 долари, односно приближно 13 проценти од почетната инвестиција.

Компанијата најавува намалување на инвестицискиот трошок

Binance се позиционира како алтернатива на овој модел преку намалување на трошоците и спуштање на бариерите што традиционално ги држат дел од корисниците надвор од пазарот.

Според компанијата, нејзината структура може да го намали инвестицискиот трошок за околу 90 проценти, односно од околу 13 проценти на приближно 1,3 проценти.

Пораката на Binance е дека поголем дел од капиталот останува вложен, што им овозможува на корисниците да имаат поголем простор за потенцијален долгорочен раст.

Почеток со само 5 долари

Минималните износи за инвестирање се уште една важна бариера за многу корисници.

Во дел од пазарите, отворањето и финансирањето брокерска сметка може да бара од 500 до 10.000 долари однапред, што за голем број луѓе го прави инвестирањето тешко достапно.

Binance наведува дека квалификуваните корисници можат да започнат со само 5 долари, со што пристапот до глобалните пазари би станал возможен за поширока публика.

Поббрз пристап до пазарот

Компанијата ја нагласува и брзината како важен дел од новиот пристап.

Во традиционалните финансии, процесот од одлука за инвестирање до реално влегување на пазарот може да трае од три до десет дена, зависно од одобрувањата, трансферите и роковите за порамнување.

Binance наведува дека на нејзината платформа овој процес може да трае околу пет минути, што им овозможува на корисниците побрзо да реагираат кога ќе се појават можности.

Порака за поедноставно и подостапно инвестирање

Од Binance велат дека ова не е само приказна за пониски трошоци, туку дел од поширока структурна промена во начинот на кој корисниците пристапуваат до финансиските пазари.

Компанијата се позиционира наспроти системите изградени околу граници, банкарско работно време и повеќеслојни посреднички структури.

Со пониски трошоци, помали почетни барања, побрз процес на вклучување и пазари достапни во секое време, Binance ја промовира идејата дека инвестирањето може да стане поедноставно, побрзо и поинклузивно на глобално ниво.

е-Трн да боцка во твојот инбокс