Планетарната панк-рок икона Били Ајдол ќе одржи голем концерт во Белград на 9 јули на Калемегдан, во просторот на Доњиот град, во организација на продукциската куќа Long Play.
Били Ајдол доаѓа во Белград во рамките на европскиот дел од турнејата „It’s a Nice Day To… Tour Again“. Ова ќе биде неговиот трет концерт во српската престолнина. По 11 години од незаборавниот спектакл кој го приреди на истото место, Били се враќа за да и приреди на локалната публика уште еден делириум со непрелазните хитови кои со децении наназад постојано ги прифаќаат новите генерации – „Rebel Yell“, „White Wedding“, „Dancing With Myself“, „Cradle Of Love“, „Eyes Without a Face“, „Mony Mony“, „Hot In the City“…
„Имаме публика која е со нас многу години, но тука се и помладите“, вели Били во пресрет на новите концерти, во своје име и во име на бендот.
Претпродажбата на влезниците за концертот на Били Ајдол на 9. јули на Калемегдан започнува преку неговата веб-страница billyidol.net на 19. февруари (11:00) и ќе трае до 21. февруари во исто време, кога започнува редовната продажба преку веб-страницата Tickets.rs и нивните продажни канали.