МОК: Без безбеден спорт нема врвни резултати

Kонференцијата ја отвори дискусијата за родово базирано насилство и механизмите за заштита во спортот.

Во рамки на конференцијата „Препознавање на родово базирано насилство и механизмите за заштита на жените во спортот“, Македонскиот олимписки комитет ја истакна потребата од посилна заштита, еднаквост и безбедност за сите учесници во спортот.

МОК беше претставен од Елена Зисовска Апостолска, која во своето обраќање нагласи дека безбедноста, достоинството и заштитата на спортистите се темелни вредности на Интернационалниот олимписки комитет и на Олимписката повелба.

Таа посочи дека не може да има врвен, ниту олимписки резултат доколку спортот не е безбеден за сите негови чинители. Според неа, Македонскиот олимписки комитет ја препознал оваа тема како приоритет.

Во таа насока, МОК веќе има назначено офицер за заштита во спортот и реализира проект што ги опфаќа националните спортски федерации. Целта е воспоставување конкретни механизми и политики за заштита на спортистите.

Настанот отвори важна дискусија за предизвиците и решенијата за поголема безбедност, еднаквост и заштита на жените во спортот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни