Поради планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа, делови од Скопје денеска ќе останат без електрична енергија, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
Од 8:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Наум Наумовски Борче“ и „Ленинова“ (Аминта III) во општина Центар, како и локалите и објектите во тој реон, меѓу кои кафулињата „Кала“, „Ателје“ и „Адмирал“.
Во периодот од 9:00 до 13:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат и дел од жителите на селото Долно Соње, на улиците „6“, „8“ и „12“.
Од 9:00 до 15:00 часот без струја ќе останат и дел од корисниците во селата Мирковци и Горно Оризари.
Од РЦУК посочуваат дека прекините се поради планирани работи што ги изведуваат екипи на ЕВН Македонија АД на дистрибутивната мрежа.