Без струја делови од Скопје: ЕВН најави прекини во Аеродром, Карпош и уште 2 општини

Поради планирани технички зафати, денес ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од општините Аеродром, Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров, соопшти ЕВН Македонија.

Делови од четири скопски општини денес ќе бидат без електрична енергија поради планирани интервенции на мрежата, информираат од ЕВН Македонија.

Според најавата, прекините ќе опфатат делови од општините Аеродром, Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров, во различни временски интервали во текот на денот.

Каде ќе има прекини?

Во општина Аеродром без струја ќе бидат корисници на улица „Тодор Чангов“, додека во Гази Баба прекинот ќе опфати делови од улица „Методија Андонов Ченто“ и околните објекти.

Во Карпош и Ѓорче Петров се најавени краткотрајни прекини на повеќе улици, меѓу кои „Вангел Дину“, „Франце Прешерн“, „Браќа Чакреви“ и „Социјалистичка зора“. Од ЕВН информираат дека снабдувањето со електрична енергија ќе биде нормализирано по завршување на планираните технички работи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс