Барселона денеска го забележа најтоплиот ден во историјата на мерењата, откако температурата достигна 40,5 степени Целзиусови, соопштија регионалните метеоролошки служби.Со ова е соборен претходниот температурен рекорд во градот од 40 степени, измерен во јули 2024 година.
Иако Барселона се наоѓа покрај Средоземното Море, што вообичаено го ублажува чувството на жештина, стручњаците предупредуваат дека и крајбрежните области се сè почесто изложени на екстремни температури.
Шпанската метеоролошка агенција Aemet претходно издаде црвено предупредување поради екстремни горештини во делови од источниот дел на земјата. Во регионите Каталонија, Валенсија и Сарагоса се очекуваат температури меѓу 40 и 42 степени Целзиусови.
Црвеното предупредување означува „исклучителна опасност“, со можни сериозни последици врз здравјето на луѓето и имотот. Според прогнозите, топлотниот бран треба да продолжи до утре.
Шпанија веќе со години се соочува со сè почести и поинтензивни топлотни бранови. Земјата е меѓу најпогодените во Европа од последиците на климатските промени, а летните периоди стануваат сè потопли и подолги.