Таа е една од најпопуларните слики во светот. Многупати се препечатува, не само на репродукции кои можат да се најдат насекаде, од апартмани до хотелски лобија, туку и на бројни други предмети за секојдневна употреба.
Ким Синае од Кореја направи варијации од делото на Климт и ја прилагоди сликата според земјите во светот, односно според нивната традиционална облека.