Автомобил удри во маж и жена кај Бит Пазар

Автомобил удрил во маж и жена кај нелегалниот пешачки премин во близина на Бит Пазар. Двајцата се повредени, но според првичните информации се надвор од животна опасност.

Сообраќајна несреќа се случила вчера кај нелегалниот пешачки премин во близина на Бит Пазар, каде автомобил удрил во маж и жена додека го преминувале коловозот.

Според првичните информации, двајцата се здобиле со телесни повреди, но се надвор од животна опасност.

На местото на несреќата интервенирале екипи на Итната медицинска помош и полицијата, кои работат на утврдување на сите околности на случајот.

Оваа локација подолго време се смета за ризична, бидејќи во минатото таму се случиле повеќе сообраќајни несреќи, дел од нив и со фатални последици.

Неодамна имаше обид за затворање на нелегалниот премин, но по реакции и протести на граѓаните, работите беа прекинати.

е-Трн да боцка во твојот инбокс