Утре наутро авионско прскање против ларви од комарци во Скопје

Дезинсекцијата е најавена за 10 јули, во раните утрински часови, на подрачјето на градот Скопје. Ако временските услови не дозволат прскање, акцијата ќе се реализира првиот нареден ден со поволни услови.
Авионско прскање против комарци
Фото: Град Скопје

Град Скопје најави дека во петок, 10 јули, во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот.

Доколку временските услови не го дозволат прскањето, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе има поволни временски услови, во истиот термин.

Од Градот ги известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Авионската дезинсекција е дел од редовните активности за намалување на популацијата на комарци во Скопје, особено во периодот на високи температури и зголемена влажност, кога се создаваат услови за нивно размножување.

е-Трн да боцка во твојот инбокс