Арон Орбан, помладиот брат на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, е приведен под сомнение за криумчарење луѓе, објави премиерот Петер Маѓар, повикувајќи се на медиумски информации.
Акцијата била спроведена утрово, 9 ноември. Во неа учествувале Националното истражно биро и Националната канцеларија за враќање и заштита на имотот.
Арон Орбан се поврзува со истрага за визи
Според унгарски „Јуроњуз“, истрагата се поврзува со сомневања за олеснување на добивањето унгарски, односно шенгенски визи за виетнамски државјани.
Претходните медиумски информации наведуваат дека компанија поврзана со Арон Орбан ги запишувала на дводневен курс на Универзитетот во Печ. Тој, наводно, барал и помош од владин функционер за забрзување на визните постапки. Овие наводи се предмет на истрага.
Виктор Орбан тврди дека е политичка пресметка
Поранешниот премиер реагираше дека постапката претставува политичка пресметка и обид за одвлекување на вниманието од проблемите на владата.
„Целта сум јас, брат ми е само средство“, порача Орбан. Маѓар потоа ја протолкува неговата реакција како потврда за приведувањето.
Полицијата потврдила дека во две паралелни кривични постапки се приведени повеќе лица и се вршат претреси. Во првичното соопштение не е именуван Арон Орбан
