Search

Apple го надмина Samsung во глобалната испорака на смартфони

Apple го престигна Samsung како најдобар производител на паметни телефони во светот.
Aјфонот за прв пат стана најпродаваниот смартфон во светот по 12 години,испорачувајќи 234,6 милиони уреди и со тоа го зазеде местото на Samsung кој досега беше на тронот.

Според податоците на Меѓународната корпорација за податоци (ИДЦ), секој петти продаден мобилен телефон минатата година бил производ на команијата „Аpple’’.

Американската гигантска компанија имаше пазарен удел од 20,1 отсто соопшти IDC. Самсунг зазеде 19,4% од пазарниот удел, а после нив се кинеските производители на телефони Шаоми, ОППО и Трансишон.


Аналитичарите кои внимателено го следат пазарот велат дека подемот на Apple се должи на успехот на премиум уредите како што е iPhone.

ИДЦ објави дека минатата година биле продадени речиси 1,2 милијарди телефони – што е пад од повеќе од 3% во однос на претходната година.

Извор: https://www.theguardian.com/technology/2024/jan/17/apple-samsung-worlds-top-smartphone-seller-iphone-honor-google-divide-android

Најново

Последни колумни