Францускиот претседател Емануел Макрон добива поддршка од околу 26% од Французите во однос на неговата способност да ги решава клучните проблеми во земјата, покажува нова анкета. Ова претставува негов највисок рејтинг во последната година и зголемување од околу 6 процентни поени во споредба со мај, според истражување на агенцијата Elabe, пренесено од француски медиуми.
Иако има подобрување, Макрон сè уште останува на релативно ниско ниво на доверба, а ваков резултат последен пат имал во мај 2025 година. Исто ниво на поддршка (26%) има и премиерот Себастијан Лекорни, кој исто така бележи пораст од 3 поени.
Политичка сцена пред изборите во 2027 година
Според анкетата, најпопуларен потенцијален кандидат за претседателските избори во 2027 година останува лидерот на крајната десница Жордан Бардела, со поддршка од 38%. Поранешните премиери Габриел Атал и Едуар Филип имаат поддршка од 32% и 33%. Најниска популарност имаат Жан-Лик Меланшон со 18% и Бруно Ретајо со 27%. Анкетата укажува на политички фрагментирана сцена во Франција, каде што ниту еден лидер нема доминантна поддршка пред изборниот циклус во 2027 година.