Сè поголем број економски и технолошки аналитичари предупредуваат дека очекувањата од вештачката интелигенција можеби се преценети и дека глобалниот „AI бум“ би можел да се претвори во инвестициски балон. Во последните години технолошките компании вложија стотици милијарди долари во развој на системи за вештачка интелигенција, инфраструктура и дата-центри, со очекување дека технологијата ќе донесе драматичен раст на продуктивноста и ќе замени голем дел од работните места.
Масовни отпуштања, но без јасен ефект
Според податоци на консултантската куќа Gartner, околу 80% од менаџерите во големи компании признаваат дека веќе го намалиле бројот на вработени за да инвестираат во AI и автоматизација. Сепак, истото истражување покажува дека овие компании не бележат значително подобри финансиски резултати од оние кои не отпуштале работници поради AI.
Аналитичарката Helen Poitevin истакнува дека многу фирми сè уште се во фаза на експериментирање, наместо вистинска трансформација на бизнис моделите.
Истражувања: 95% од AI проектите не успеваат
Истражување на Massachusetts Institute of Technology укажува дека дури 95% од проектите за имплементација на вештачка интелигенција во компаниите не донеле значителен раст на приходите. Само мал процент од фирмите успеале да извлечат мерливи економски придобивки, и тоа најчесто кога AI се користи како поддршка за вработените, а не како нивна замена.
Масовни отпуштања и слаб пазар на труд
Според извештај на Challenger, Gray & Christmas, во текот на 2025 година во САД се најавени повеќе од 1,09 милиони отпуштања – раст од 65% во однос на претходната година. Најголем број отпуштања се бележи во технолошкиот сектор, но и во логистика, малопродажба и медиуми.
Компании како Amazon и Microsoft истовремено отпуштаат илјадници работници и агресивно ги промовираат AI алатките како иднина на работата.
Растечки сомнежи за вистинската вредност на AI
Иако во вештачката интелигенција се вложени над стотици милијарди долари годишно, многу истражувања покажуваат дека реалните перформанси на AI системите сè уште се ограничени и често не ги исполнуваат очекувањата.
Според дел од аналитичарите, компаниите сè почесто ги користат AI проектите како сигнал за инвеститорите, отколку како алатка за реална оперативна трансформација.
Предупредување: можен е „пукнување на балон“
Сè поголем број експерти предупредуваат дека ако продуктивноста и приходите не почнат значително да растат во следните години, сегашните инвестиции во AI би можеле да создадат голем финансиски балон. Во такво сценарио, прашањето не би било дали, туку кога тој балон би можел да пукне , со потенцијални последици за целата глобална економија.