Американската армија ќе воведе задолжително годишно тестирање на нивото на тестостерон за сите војници постари од 30 години. Мерката, најавена од министерот за одбрана Пит Хегсет, има за цел навремено откривање на намаленото ниво на хормонот и зачувување на здравјето и физичката подготвеност на воениот персонал.
Хегсет соопшти дека тестирањето ќе стане дел од редовните годишни медицински прегледи, а војниците кај кои ќе се утврди ниско ниво на тестостерон ќе можат доброволно да прифатат хормонска супституциска терапија. Според него, со возраста природно се намалува нивото на тестостерон, што може да влијае врз физичките способности и општата здравствена состојба.
Војниците помлади од 30 години нема да бидат обврзани на тестирање, но ќе имаат можност сами да побараат ваков преглед доколку сметаат дека е потребен.
Одлуката доаѓа откако американското Министерство за здравство започна со олеснување на правилата за пристап до хормонска терапија кај мажи со ниско ниво на тестостерон поврзано со стареењето.
Најавата предизвика политички реакции. Демократски претставници ја критикуваа мерката, посочувајќи дека администрацијата истовремено воведе ограничувања за воена служба на трансродови лица, кои често зависат од хормонска терапија, оценувајќи дека станува збор за двојни стандарди.